Викингшки дневник бр.24 – Божиќ на карибите

И ова е последниот дневник за оваа година 2025. Година што чинам трае три години од што има голем број на настани во неа. Во овој дневник ќе пишам за дваесетте дена од Флорида до Панама и назад. Две крстарења од по десет дена во кои имаше многу работи што се случија и на бродот и надвор од него.

Прво пристаниште беше Козумел, веднаш штом бродот беше отворен за излегување излегов надвор. Клаудија сакаше да дојде до пристаништето па заедно да одиме на појадок ама повторно додека да се спреми јас веќе бев пред нејзиното сместување. Овој пат бидејќи беше сабота Коразон Контенто беше отворен и седнавме на појадок. Потоа вообичаено во Оксо купивме сладолед и полека одевме кон сместувањето на Клаудија. По кратко време дојде и Вања. Малку беше лута на себе си што не се пријави како посетител на Марс, ама како и да е собра во кола неколку другарчиња и заминаа некаде. Јас и Клаудија пешачевме некај брод и на сред пешачење почна да врне сериозно и накиснавме додека да дојдеме на брод. Среќа сличен број мајци не собираат и двајцата па ѝ дадов една моја маичка да облече. Додека седевме во мојата кабина ми кажа како ова ја потсетува на времето кога бевме двајцата на бродот Норвиџн Дон. Кога излеговме надвор повторно ја видовме Вања и таа забележа дека носиме други маички. И кажавме дека опасно беше, немаше избор, идеше Дунав, и на брод се пресоблековме. Среќа носиме сличен број маички :)

После Козумел вообичаено е Белизе каде што не излегуваме бидејќи ем дрил ем тендер бротчиња кои возат пола саат од бродот до копно, па мое следно излегување беше во Роатан, Хондурас.

На бродот имаме нова рецепционерка, Марија од Белорусија замина на заслужен одмор и на нејзино место дојде Џули од Кина. Работела претходно на некој брод заедно со Стефан и со жена му. Прв пат е на карибите и праша дали ќе дојдеме со неа надвор да и покажеме што и како има. Стефан вообичаено не излегува надвор па и реков да не се секира, јас ќе дојдам со неа. Времето беше сомително, малку врне малку сонце грее па ставив пончо и шушкавец во ранец и излеговме надвор. Излеговме надвор и од терминалот и прво нешто што ни се закачи беше едно младо момче кое што сакаше да не носи на ресортот каде што тој работи. Досаден, удав. Едвај го откачивме. Џули ми викаше дека да не бев јас со неа немаше да се чувствува безбедно. Одевме пешки до едни лулашки и се вративме назад.

Во Пуерто Лимон, Коста Рика бев ИПМ, па затоа следно излегување надвор беше во Колон, Панама. Излегов за да купам подарок за сикрет Санта. Со мене повторно дојде Џули. Кога Џули доаѓаше на бродот и го изгубија куферот на аеродромот во Мајами, па затоа ја поведов во спортската продавница каде што или не и се свиѓаа работите или немаше нејзино бројче затоа што е од ситните кинескињи кои можат комотно да пазарат во детската секција. Од спортската продавница продолживме кон сладолеџилницата каде што таа зеде корнет а јас вообичаено милк шејк. После тоа бевме до продавницата за аутдор активности и таму најдов подарок за сикрет Санта. На крај бевме до супер99 и се вративме назад на брод.

Наредниот ден минувавме низ каналот и вечерта се докиравме на пристаништето во Панама Сити. И погодувате, повторно излегов со Џули. Иако беше доцна навечер и работеа само барови и ресторани, свртевме крукче по островот околу терминалот. Мене хајлајт ми беше тоа што видов ракун како слободно се шета. Ми текна на цртаниот филм со ракуните што го гледав кога бев дете.

Наредниот ден нови гости се качија на бродот. Три пати одев од брод до терминал поради различни технички проблеми и се шегував со сениор рецепционерот дека сум направил 6000 чекори или по 2 илјади на секое излегување до терминалот. Потоа во Колон бев ИПМ па мое следно излегување беше во Коста Рика каде што само пиев едно кафе во кафетеријата до терминалот и се вратив назад на брод.

Следното одење во Хондурас користевме тендер бротчиња бидејќи докот беше резервиран за Стар оф д Сиис и МСЦ Сиисајд, најголемиот брод на Ројал Карибиан и еден од поголемите на МСЦ или преведено во бројки над 13 илјади гости и над 4 илјади вработени. Поради ова само направив неколку фотографии од мојот бро со апаратот и отидов во кабина на попладневна дремка. Белизе повторно не излегов, а во Козумел бев ИПМ.

Бидејќи ова е период на празници имавме доста активности на бродот. Имавме божиќно бинго. Оригинално немав намера да одам ама на спа најт го видов Џобен и тој ми кажа дека повторно ќе биде ко-домаќин на бингото па отидов во театарот со апаратот. За хотел одделот бинго картички продаваше Катерина, ама срце мое јуначко издржа да не купи ниту една бинго картичка ама бидејќи седев напред учествував во извлекувањето награди па извлеков звучник за цимерот Емра.

За Божиќ имавме свеќена вечера во мензите каде што и вообичаено јадеме а потоа вечерта имаше служба во театарот и журка во кру бар. Во хаускипинг одделот има една Лорна од Кенија и таа ме замоли да одам со нејзе на службата. Ѝ реков дека сум атеист, ама ќе дојдам од љубопитност и испадна мошне фино. Дваесетина минути исполнети со читање на библијата од страна на различни гости, пеење божиќни песни додека Едвин свиреше на пијано. По ова отидовме во кру бар каде што имаше музика во живо а во делот со пеењето се сменија сите на бродот што пеењето им е во описот на работното место. Кога луѓе што се платени да пеат пеат за своја душа испаѓа одлична жирка.

Традиционалната божиќна фотографија овој пат ја правев јас. Оваа година организатор беше круз директорката Патриша. Таа прати имејл на сите на бродот со генерален распоред. Му викам на Стефан оваа изгледа не ме има планирано јас да ја правам фотографијата. Тој ми кажа да ја прашам лично. Не беше во канцеларија па отидов да се видам со Би-Џеј кој ми кажа дека планирал со телефон да фотографира. Му реков дека е срамота покрај апарат како мојот да се користи телефон, нешто на што и тој се согласи. Потоа ја видов Патриша и ѝ спомнав да фоткам, и таа ми звучеше како да сакала целото тоа да биде под нејзиниот оддел ама штом сакам да фоткам со мојот апарат кој е подобар ме праша дали би сакал да фотографирам.

Имавме и тален шоу за кру. Стигнав малку порано и Би-Џеј ми кажа ако сакаш можеш да фоткаш и си викам, зошто да не. Први на бина излегоа Бриџ офицерите предводени од Робин. Танцуваа на YMCA од Вилиџ Пипл и беа многу смешни бидејќи имале само една проба пред настапот и третиот офицер повеќе се смееше од што танцуваше. По нив беа Џон, Том и Роли кои танцуваа на Секс Бомб од Том Џонс, и не беа лоши, воопшто. После ова следуваше делот со пеење и свирење гитари. Во меѓувреме ми текна на подкастот со Стефан Рајхл кај Бајкерот и Кросфитерот што го гледам додека вежбам во теретана и си викам Тончи па ова е типичен концерт, само потсети се како фоткаше концерти во младоста :) Откако ги споделив фотките, видео техничарот Џордан ми кажа дека искористил една од фотките за негова нова профилна фотка на ФејсБук.

И последната активност за која ќе пишам ред, два-три... Сикрет Санта. На два дена пред одржување на овој настан Џули праша зошто нема ниту една кутија или ќеса со нејзиното име а има две со името на Катерина. Никој не знаеше да и каже зошто е тоа така затоа што ова беше специјално изненадување од мене.

Во собата за рекреација на круто со собравме, малку декорација, малку носење храна и пијачки и почнавме. Јас имав купено термо чаша за Кит и нејзе многу ѝ се допадна подарокот. Јас од мојот сикрет санта кој уште не знам кој беше добив маичка која за жал е мала, ќе морам да ја подарам на некого, а баш е убава со мајмунче кое носи шлем за американски фудбал. Покрај ова добив ќеса чоколадни бонбони и кутија фереро роше.

Сепак најинтересното беше со Катерина. На листата каде што пишувавме што сакаме да добиеме таа имаше пишано мека розова играчка. Паднаа неколку шеги на нејзина сметка уште додека се спремавме за настанот. Како и да е, имаше две кутии со нејзиното име. Првата беше голема и се шегувавме дека добила микробранова печка, ама внатре беше голема плишана играчка, девојката на Стич и плус уште неколку ситници. Втората кутија беше со роза на неа а во неа вибратор, розов нормално. Падна многу смеење додека таа го вадеше вибраторот од кутијата. Наредниот ден ме праша дали јас сум бил тој што го купил вибраторот, бидејќи еднаш сум спомнал дека ќе ѝ купам еден. И кажав дека ваква шанса за смеење не се пропушта.

Во следниот дневник ќе пишам за новогодишното крстарење кое ќе биде 14 дена. По ова има уште едно исто крстарење и на средина на следното си одам дома. Ми иде да ја пуштам Labrinth & Zendaya – I’m Tired, ама немам јутјуб на бродов.

Comments