Викингшки дневник бр.25 – Среќна Нова 2026та
Овој дневник излегува малку порано од планираното поради интересна причина, трансфер на бродот Викинг Сии.
Последното мое
крстарење на Марс започна сосема нормално, со ден на море, кога одеднаш Силвија,
менаџерката за човечки ресурси ми заѕвони на телефон и ми вика дека итно сум и
потребен во канцеларија. Си викам што ли направила овој пат, знаејќи ја дека не
е баш технички највешта жената. Влагам во канцеларија и ми вика, затвори врата.
Си викам, што ли сум направил сега, кој ме пријавил за нешто... Не грешев
никому последниве месец дена... И Силвија онака смирено претпазливо ми вели, те
бараат на Викинг Сии. Јас уште посмирено одговарам, океј... ако сум им потребен
таму, ќе одам. Таа изненадена од што веднаш прифатив ми кажа дека е планиран
мој трансфер од Колон до Сан Хуан. Реков Океј, ќе се спакувам.
После тоа видов
во систем дека имам договор до 18 февруари на Сии, ама веќе прифатив да одам,
така да доцна беше било што да правам. Оригинално требаше да останам на Марс до
втори февруари, ама што е, тука е... Вечер е Нова Година, да се заврши убаво
2025та па за следната ќе му ја мислиме подоцна :)
Новогодишната журка беше мошне фина. Иван, првиот електричар на бродот пушташе музика од неговиот телефон пред да дојде дечкото што пушташе музика до крајот на журката, ама морам да признаам Иван пушташе сосема коректно. Пола од вработените беа на дек 7 со гостите, пола бевме во кру барот на дек 9, ама неколку минути после полноќ сите се качија на дек 9 и имаше мошне фина журка. Традиционално Стефан не дојде, а јас и правев друштво на Џули.
Првиот порт ова
крстарење беше Очо Риос, Јамајка каде што Карен дојде за да и го дадам
соларниот генератор на струја што го порачав онлајн за неа неколку дена
претходно. Покрај генераторот и купив и пауер банк за телефонот и вибратор. Кад
је бал нек је маскенбал, ко што викаат србите :) Како и да е, тој ден имавме и
вежба за евакуација која што заврши мошне брзо
што беше пријатно изнанедување. Веднаш после тоа Карен ми пиша дека не
ја пуштаат на портата од пристаништето. Скокнав набрзинка од обезбедувања и
видов дека ја нема на листа па му се јавив на Роли да прашам зошто ја нема кога
за неа пополнив апликација цела недела однапред. За среќа Роли кажа дека се
појавила откако направил рифреш на системот. Испринта два листа, еден за нашето
и еден за обезбедувањето од портот, ми ги даде и јас веднаш тргнав надвор.
На бродот првин и го покажав атриумот, потоа мојата канцеларија и мојата соба. Емра уште спиеше па тргнавме кон бифето каде што каснавме ручек, ѝ го покажав кру барот и повторно отидовме во соба за да си ги земе работите што ги имав за неа. За да не не замараат за детали зошто изнесуваме работи од бродот на Јамајка, генераторот го бутнавме во мојот стар адидас ранец кој и онака веќе планирав да го сменам наскоро а другите работи во нејзината торба. Надвор од терминалот ја видовме Џули како мази едно маче и како вика, Тони сликај ме, Тони сликај ме :) Се поздравив со Карен и со Џули пуштивме чекор назад кон бродот за да се вратиме пред два часот.
Вечерта почнав со
пакување и поздравување со фините луѓе на Марс. Следниот ден беше ден на море,
па потоа беше прошетката до езерото Гатун преку Панамскиот канал и стигнавме
вечерта во Колон. И имав ветено на Катерина од Перу дека ќе излезам со неа во
Колон на вечера и сладолед. Од сите ресторани во трговскиот центар во Колон ние
седнавме во Атинска Пица и порачавме гиро и пиво. Пивото Panama беше одлично. Гирото далеку од одлично, всушност
тоа беше најлошото гиро што го имам јадено во животот. Направивме грешка со
Катерина што седнавме таму, ама памет за друг пат. Затоа пак сладоледот и милк
шејкот во Gelarti беа одлични
како и секогаш.
Следниот ден се
шуткав низ бродот додека да дојде 14:45 кога требаше да излеземе од бродот.
Бевме мала група, јас, Доктор Ендру, Бар менаџерот Омега и една девојка од
ресторан. Кога стигнав на артодромот се изначекав додека да се отвори шалтерот
за чекирање на багаж. Кога конечно ги оставив торбите и поминав рентген се
качив горе на кат да си земам кафе и кифла од кафетерија што се викаше Тоњо.
Ништо друго не работеше за жал па чекав малку подолго да купам кафе и кифла. Не
беа лоши или јас веќе бев гладен... Нешто пред полноќ полетав од Панама кон
Њуарк.
Таму на пасошка контрола стандардно ме пратија во собата Б каде што ги проверија моите документи па ме пуштија понатаму. На терминалот каде што чекав и го полнев мојот телефон спроти мене седеа две девојки и направив два реда муабет чисто да не биде само зјапање во телефон цело време. Кога стигнав во Сан Хуан пробав да нарачам Убер до хотелот каде што требаше да преноќам, ама Убер неќе да се логира на мојот телефон па морав да земам такси.
На рецепција во
хотелот ми кажаа дека има уште еден дечко со мене во собата, ама за моја среќа
братот воопшто не дојде па уживав сам во соба цело време, одморив ко човек. Во
хотелот имаше два ресторани, едниот класичен другиот пицерија. За ручек ми
дадоа ваучер за пицеријата и каснав карбонара која беше одлична. Пола пица ме
засити ама бидејќи беше добра ја изедов цела. Кога се стемни скокнав до
супермаркет да купам кока кола и сладолед. Оригнално тргнав кон Пуебло кој што
е гооолем супермаркет ама влегов во еден помал каде што девојката што работи
таму имаше пуштено мошне фина хаус музика па два-три пати се проврткав низ сите
рафтови пред да отидам на каса да платам. Пред да заспијам го пуштив подкастот
на Valuetainment во кој зборуваа за Николас Мадуро.
Наредното утро се
качив на Викинг Сии. За моето искуство на Сии ќе читате во следниот дневник.






Comments
Post a Comment