Викингшки дневник бр.35 – Ќе ме има на телевизор?
Овие две недели пловевме од Лондон кон Берген. Купив нешто што мислев дека никогаш нема да купам и се појавив на бродската телевизија, па да почнеме со ред.
Прв порт беше
Довер. Претходниот пат не излегов и си реков овој пат морам да излезам. Се
качив во шатл бус со Енџин која што бараше да си купи светилка за на работа
бидејќи сегашната откажуваше послушност. Првин влеговме во ЦеИКС продавница за
електроника и гејминг каде што видов работи што би и биле интересни на
Клаудија, ама имам уште многу време од мојот договор. Потоа влеговме во
Паундленд каде што имаше интересни работи, ама немаше тоа што Енџин бараше. Во
Футлокер немаше ништо интересно, ама во ШуЗоун Енџин си најде интересен пар
чевли. Во Супердраг си купив лабело со вкус на лубеница. На крај едно кафенце
во Коста и назад на брод.
Во Дан Лири Давид
отиде на шета а јас останав да спијам. Во Холихед врнеше многу, а во Ливерпул
бев ИПМ. Затоа мое следно излегување од брод беше во Белфаст. Излегов со првичен
план да си купам јога чергиче за вежбање бидејќи наредната вечер имавме јога за
кру во фитнес центарот. Одејќи од место кон место открив многу добра музичка
продавница на 3 ката. Музичка продавница, книжарница, гик шоп, 3 во 1. Да
живеам блиску би бил редовен муштерија. Најинтересното е што од сите продавници
чергичето го купив од TK Max, беше ефтино 6-7 фунти, ама ојдејќи накај каса
видов интересни чорапи 6-7 фунти, скраб за тело исто 6-7 фунти, и оп 20 фунти
на непланирано, ама сите работи што ги купив испаднаа одлични.
Во Улапул ме
мрзеше да чекам тендер бротче па мое следно излегување беше во Кирквол. Со шатл
бус отидов накај градот. Во Теско најдов батериска ламба што изгледаше океј и
ја купив за Енџин и тргнав назад кон брод пешки бидејќи времето беше убаво. Во
Њухејвн останав на брод бидејќи ИПМ.
Во Абердин излегов само за да купам маичка на која пишува Шкотска или фудбалски дрес ако најдам за поволна цена. Прошетав низ трговскиот центар ама не најдов ништо, и излегов од споредната врата за да направам фотографија од една зграда со многу убав мурал на неа. Тогаш видов дека има продавници и од надворешната страна на трговскиот центар. На крај пишав на гугл мапс „продавница за сувенири“ и ме однесе до една продавница каде што купив маичка и тргнав назад кон бродот.
Последниот порт
пред да стигнеме во Берген беше Лервик на Шетландските острови. Мошне мало
местенце. Фатив шатл бус до центарот на градот и се вратив назад пеш. Нема
ништо посебно интересно.
Првиот ден во
Берген после работа отидов на кино. Ги викнав со мене да дојдат Енџин и Зајна
ама Енџин беше со променливо расположение. Зајна викаше дека ако не доаѓа Енџин
ни таа нема да дојде. Роберт не можеше да излезе бидејќи локалниот виолинист (кој
патем е извонреден и свири на виолина стара 260 години) настапуваше пред
гостите... Таа вечер Норвешка играше против Франција и времето беше убаво па
сите беа излезени, добар дел со норвешки дресови или знамиња, или и двете. Овој
пат купив карта и пуканки во втората зграда па отидов пеш до првата зграда на
киното. Кино салата беше океј, не беше толку фенси како салата во која го
гледав филмот за Мајкл, а и картата беше поефтина, само 150 круни во споредба
со 200. Како и да е, Скери Муви 6 е одличен филм. Се вратив назад на брод за
Дуолинго и потоа излегов до терминалот за да го апдејтирам лаптопот на брзиот
интернет таму. Имаше многу кру така да не беше баш брз, ама сепак беше доволно
за да направам апдејт и за да симнам неколку видеа од ЈуТјуб. Кога ќе ги
гледам... Не знам...
Вториот ден имавме смена на гости и бев ИПМ па само работев малку на терминалот и се вратив назад на брод. Третиот ден излегов да го најдам трговскиот центар. Беше недела и се беше затворено освен аптеката, пекарата, Бургер Кинг и кафетериите, ама јас веќе јадев на брод па тргнав назад по други улици. Многу ми е убво кога пешачам по градови надвор од туристичкиот дел на градот. Сакам да видам како живеат локалците. Берген е убав град. Типичен норвешки, чист, среден. Трговскиот центар е до железничката станица а веднаш спроти трговскиот центар има вештачко езерце со фонтана на средина. Западно од езерото има мал плоштад на кој поради светското првенство во фудбал има поставено шатор и внатре има организирано следење на натпревари.
Во врска со
активности на бродот, имаше интересни настани. Вечерта после Улапул имавме јога
за почетници, пола саат видео што одеше во фитнес центарот на бродот. Имаше
доста луѓе запишано, ама на крај покрај Алехандро, се појавивме јас, еден дечко
и една девојка од ресторан. Како и да е, беше забавно. Видов дека јога не е
лесна работа. Мислам дека за пола саат целиот се истегнав :) Сепак мислам дека
Алехандро највеќе се мачеше да задржи поза.
Вечерта после Њухејвн
имавме тривиа квиз. Енџин се пријави дека ќе не дружи мене, Давид и Мишел, ама
на крај не дојде, имаше некакви активности низ бродот. За жал повторно
испаднавме втори. Овој пат изгубивме од девојките од продавницата и новиот
асистент круз директор. Со Давид решивме следен пат да го крстиме тимот Silver
Arrows бидејќи два пати по ред завршуваме втори.
Последната вечер откако
заминавме од Берген имавме вечера за вработените во гостинското бифе и после
тоа забава во кру бар. Темата беше фудбал па јас носев дрес од Мексико и служев
сладолед во втората половина од вечерата. Оригинално Роберт требаше да биде со
мене, ама во меѓувреме дојде Дора и служеше колачиња и торта. Журката горе
испадна сосема океј, посебно затоа што не беше баш топло, ама не беше ни нешто
ладно.
И за крај насловот на денешниот дневник. Додека ја проверував мрежната опрема низ бродот на крај влегов во бродкаст центарот. Имаше залепено знак „Не влегувај, се снима“ ама вратата беше отворена. Набрзинка ја проверив опремата и тогаш влезе Роберт и предложи да снима разговор со мене. Поставуваше лесни прашања, што работам на бродот, која ми е омилена активност надвор од бродот, кое ми е омилено шоу во театарот... Утрото кога Лауро го стави видеото за гостите да го гледаат отидов во гостинското бифе за да јадам појадок и неколку гости ме препознаа од видеото па решив до крајот на денот да не се појавувам меѓу гости :)
Следното
крстарење е две недели до Стокхолм.






Comments
Post a Comment