Викингшки дневник бр. 36 – (Советски) Флешбек
Овие две недели патувавме од Берген кон Стокхолм и видов некои места кои ги немав видено 11 години и бев на екскурзија која што се вика Советски флешбек. Ова крстарење поради лошо време имавме два дена на море наместо еден башка што и двата дена бродот се нишаше многу, ама преживеав без да се напијам апче против морска болест.
Прво пристаниште
беше Еидфјорд. Мало местенце, убаво за пешачење ама времето беше многу
променливо, 15 минути дожд, 15 минути облачно, 15 минути сонце и така се во
круг. Свртев едно крукче наоколу и на крај влегов во продавница за сувенири и
си купив два пара чорапи. Имаше интересни јакни и останата зимска опрема ама
веќе имам јакна, така да можеби некој следен пат.
Во Ставангер за
жал се задржавме многу кратко и на мојата пауза веќе пловевме накај Осло.
Првиот ден времето беше убаво сончево ама бев ИПМ и си реков ајде, ништо
страшно, утре ќе прошетам. Наредниот ден времето беше типично норвешко, облачно
со повремени дождови. Отидов до трговскиот центар блиску до железничката. Пред
трговскиот си купив чурос од камионче паркирано пред влезот. Свртев круг без да
потрошам пари се вратив назад на брод.
Алборг беше
откажан поради лошо време и добивме неочекуван ден на море.
Во Копенхаген се имам симнато од брод, се имам качено на брод, ама никогаш не сум прошетал низ градот. Овој пат првин се качив во шатл бус со Енџин и таа ми кажа дека ги бара Енди и Лили, ако можам да и помогнам да ги најде па после ќе ме остави да одам кон Тиволи Гарден. Енди и Лили беа седнати во ресторан во интересен дел од центарот на градот, одејќи натаму видовме продавници на Омега, Лајка, Бенг и Олуфсен, Прада, Гучи...
Откако ја оставив
Енџин тргнав наоколу да истражувам и во моментот кога ми текна да отворам Гугл
мапс видов дека Тиволи Гарден е на помалку од километар од мене. За жал ми
снемуваше време и не ми се плаќаше влезница па тргнав назад. Од МекДоналдс си
купив Surprise Milkshake кој имаше вкус на мастиките што се продаваа кога бев
дете. Одејќи назад накај бродот влегов во голема стоковна куќа на неколку ката,
ама не купив ништо :)
Во Варнемунде бев
ИПМ.
Во Роне, Данска бевме докирани заедно со Викинг Скај. Е сега, пристаништето во Роне може да прими три брода, еден среден и еден мал од една страна и уште еден среден од другата и можете да погодите, Сатурн и Скај бев на две спротивни страни. Како и да е, на Скај е мојата драга другарка, Кралицата Маша од Белорусија, или според пасош, Марија Кот.
И да врне и да
вее и бура да коси... Како беше мислата... Како и да е, само росеше, па обув
чизми и тргнав по пат. По 10-15 минути пеш стигнав до автобуската станица за
шатл бусеви и го видов бусот што оди кон Скај па се качив во него. Кога се
симнав од бус ја видов Нико. Беше маскирана ко пингвин поради дождот, ама
нејзината убавина силно сјае, така што ништо не може да ја сокрие. Обезбедувањето
на Скај не сакаше да ме пушти внатре иако сум колега од Сатурн, ја викнаа
Марија да дојде. После тоа им кажував на колегите од Сатурн и тие реагираа во
стил ВТФ...
Со Марија ги
видов нејзините колешки кои беа на должност во тој момент. Во Шорекс ја видов
Камил која што исто така ја немав видено откако добив трансфер од Марс. Потоа
се симнавме до мензата да сркнеме по едно кафенце, се измуабетивме, иии дојде време
да се враќам назад на брод бидејќи тој ден ние заминувавме во три попладне.
Шатлот ми кидна пред нос, па оправив пешки до супермаркетот веднаш до автобуската.
Таму го видов на кратко Адан кој ми честиташе за бракот.
Неколку мои претходни бродови застанувале во Гдиња или покрај Гдањск ама по сплет на околности никогаш не излегов. Овој пат со Давид порано затворивме канцеларија и запаливме патиките надвор. Шатл бусот возеше поприлично долго 20-25 минути. Од автобуската станица до големиот трговски центар има 15-20 минути пеш низ историскиот центар на Гдањск кој изгледа како од бајка.
Во трговскиот
центар првин Луис си купи протеини, јас ништо. Потоа влеговме во МедиаМаркт за
да си купам видео камера. Луис ми викаше дека тоа е опасно место за него,
секогаш троши пари таму. За жал камерата што сакав да ја купам ја немаа на
лагер. Продавачот на основен англиски ми кажа да дојдам утре, или да одам да ја
земам од магацинот кој е на 5 километри од трговскиот... Така да не купив
ништо. Луис си купи батериска четка за заби :) После тоа шетавме да видам какви
се продавниците за спортска опрема. Луис возбудено збореше на шпански. Ми рече
дека е ризик да збори на англиски, може ќе го разберат (жените, имаше голем
број убави жени). Најдов Сајзер и Адидас продавнции една од друга, изгледаа
слично ко продавниците во Ист Гејт само помали, и со послаб избор на патики. На
крај ги собравме Давид од Фуд корнер, Ребека од супермаркетот и тргнавме назад
кон брод.
По ова следеше планиран ден на море и посета на Талин наредниот ден. Во Талин бев претходно со Дон и шетав низ стариот дел од градот, овој пат сакав да направам нешто друго. Видов на листа на екскурзии тура што се вика „Советски флешбек“ и се пријавив. Претходно за во Осло се пријавив за Мунк тура, ама беше откажана, ама за среќа оваа во Талин се беше ОК.
Турата почнува
уште на терминал. Стар автобус произведен од ГАЗ се паркира, водичот отвора
врата и почнува да бара пасоши. Капиталистите се малку збунети ама им вика ако
сте ги заборавиле на брод, океј е, ќе ви верувам. Потоа ги прашува капиталистите
дали носат скриени микрофони или останата шпионска опрема. Од една капиталистка
конфискуваше лименка кока-кола која веднаш ја стави во внатрешниот џеб од
своето сако. Уште не тргнат автобусот почна да ги нуди капиталистите со вотка и
кисели краставички.
Кога конечно се
собраа сите на број, автобусот тргна за да застане по 100 метри. Водичот кажа
дека автобусот се расипал и дека мора да се турка за да тргне. Одбра тројца
капиталисти со него и им кажа да туркаат. Нормално, автобусот запали од прва.
Додека се возевме свиреше некоја советска мелодија на пластична флејта.
Покажуваше фотографија од Брежњев, кажуваше вицеви, додуша ова со вицовите
траеше цело време.
Првото место каде
што застанавме беше покрај брегот блиску до стар затвор каде што дедо му лежел
робија во 50-тите години, а подоцна и неговиот комшија во 80-тите. Комшијата
кога реновирал куќа нашол старо естонско знаме. Некој го видел и пријавил и
човекот одлежал 5 години.
Следното место
беше една стара палата од времето на царска Русија и позади неа парк со
скулптури од советското време. Покрај секоја скулптура имаше опис како била
нарачана, каде била поставена, кога била срушена и донесена во тој парк. На
крај пред палатата каснавме баничка со виршла. Водичот не понуди и со естонски
сенф Нисеп и ни кажа да не го изговараме ова обратно :) Пробавме квас кој мене
лично не ми се допадна беш многу и на крај не понуди со вотка ама јас не
пробав.
Турата гостите
дополнително ја плаќаат 160 долари, трае два и пол до три саати ама вреди до
последен цент. Водичот пред крајот на турата кажа дека настапувал како стенд-ап
комичар на некоја компанија. Тоа беше во моментите кога излегуваше од карактер,
ама додека беше во карактер беше пресмешен.
И последно
пристаниште за ова крстарење, Стокхолм. Првиот ден бев ИПМ. Давид излезе со
Енди и ми прати фотографија од DJI продавница и коментар дека во оваа
продавница мора да ја имаат видео камерата што сакав да ја купам.
Наредниот ден излегов малку порано од работа и право кон продавницата. Дури и цената беше добра, DJI Pocket 4 Creator Pack плус мемориска картичка ми испаднаа колку што во Полска ќе ме чинеше само Creator pack. После ова тргнав без брзање назад накај брод ама по заобиколен пат. Ставив на Гугл мапс Hard Rock Café ама на крај влегов во МекДоналдс кој беше веднаш до Хард Рок Кафе. Си земав милкшејк од јагода, сигурно си е сигурно. Времето беше сончево и пријатно, плус бидејќи беше сабота луѓето беа излезени да уживаат во убавиот ден. Видов интересни коли, Ferrari 12 Cilindri, видов Понтијак од 60тите кој ми кидна бидејќи во рака држев милкшејк, додека да го извадам телефонот...
Инаку не ми беше
тоа единствен шопинг ова крстарење. На брод го начекав Montblanc Explorer парфемот.
Додека работев како продавач на брод пред ковид го продавав тој парфем ама не
го купив за себе. После тоа го барав по други места ама не можев да го најдам.
Наоѓав други парфеми ама тој не, и конечно, онака случајно влегов во
продавницата на бродот што продава козметика и пред да излезам го здогледав и
само и кажав на тетка продавачка, наплати девојче :)
Од забава на
бродот гостин забавувач беше еден магионичар, Марк Спелман. Правеше финти како
читање мисли и слично и беше одличен. Сепак главна ѕвезда беше гостин по името
Енди. Марк имаше на масата два шпила карти, син и црвен и му вика на Енди,
одбери шпил и овој без двоумење вика ДЕВЕТ.
Сепак главна
забава беше гледањето на светското првенство во фудбал. Интересно беше кога играа Норвешка и Англија сите
навивавме за Норвешка освен англичаните. Шпанија – Франција беше поизедначено
навивањето. После натпреварот Емилија од театарот ме праша за што мислам за
наредниот ден Англија – Аргентина? И реков што знам... двајца негативци играат
еден против друг. Нормално не и се допадна одговорот. Како и да е, лифтот
стигна до мојот кат и излегов накај кабина.
Следните две
недели имаме исто крстарење, само во обратна насока.








Comments
Post a Comment