Викингшки дневник бр.39 – Догледање Давид Кортез и Мишел Рамизо
На почеток на
крстарењето мошне интересен беше гостинот забавувач, Адам Џонсон, дојде облечен
како Елтон Џон и свиреше пијано, пееше и беше одличен. Бев и на двата негови
настапи во театарот.
Прво пристаниште
во кое излегов беше Торсхавн на Фарските Острови. Овој пат пред да излезам
направив нацрт план и го следев. Прво место каде што отидов беше малиот
трговски центар блиску до стадионот. Трговскиот центар е на приземје и кат. Има
една голема спортска продавница и во неа се продаваше дресот од ракометната репрезентација
на Фарските Острови, и се мислев да го купам, го имаше и во сина и бела варијанта,
ама после ми текна дека и македонскиот дрес што го имав не го носев често па
решив да не трошам пари.
Од тука покрај стадионот тргнав назад по друга улица која што поминуваше покрај градскиот парк. Сакав да шетам низ паркот ама не сакав да си ги замачкам чизмите со кал па пешачев покрај паркот. Потоа свртев десно кон Вестуркиркјан или западната црква која изгледа најинтересно од сите што ги видов на интернет. За жал црквата се реновира, ама успеав да направам интересна фотка-две.
Потоа на враќање
кон бродот утнав улица, порано свртев на десно па завршив на докот за чамци. Се
исплашив да не ми избега бродот, не бев сигурен во колку време испловува а веќе
фаќаше 3 часот. Се смирив кога видов еден дечко од хаускипинг како полека оди
накај шатл станицата.
Втор порт во кој
излегов беше Гејрангер во истоимениот фјорд. Времето не беше идеално, ама малку
роса не би требало да пречи. Од пристаништето видов една црква и бидејќи во
секој порт правам задолжителна туристичка фотографија од црква, тргнав по патот
нагоре по ридот. Попат видов интересна река и решив да барам мост преку кој ќе
ја преминам и ќе се спуштам по другата страна. Над црквата видов телефонска
говорница која сега е претворена во мини просторија за размена на книги.
Кога преминав преку мостот, почнав да уживам во сета убавина на реката. Со зборови не можам да ја доловам таа убавина. Голем број мали реки и потоци се влеваат во неа, а реката е стрмна, планинска со многу мали водопади. Звукот кој се создава кога водата удира во карпите, мирисот кој што се шири... Снимив и видео или две, ама со бродскиов интернет којзнае кога ќе се закачат онлајн. Кога се доближив до портот ја видов Вања па заедно тргнавме накај брод.
И последниот порт
во кој излегов беше Берген. Оригинално сакав да го гледам новиот Спајдермен ама
бев многу зафаетен со превземање на новата позиција, преселбата во новата
кабина и едноставно останав без енергија да излегувам првиот ден во Берген.
Вториот ден отидов до супермаркет за да купам дезодоранс. Во целата таа гужва
заборавив да купам а стариот се потроши. Во Исланд и Норвешка се е скапо па
само купив мало рол-он дезодорансче и шише пола литар кока кола.
Потоа продолжив
кон Старбакс бидејќи на сите нас ни треба чаша прескапо кафе во животот.
Посебно после 24 дена поминати кон Исланд и назад. Дечкото на каса наместо Tony
напиша на чашата Toby. Досега никој не ми го изменил името до толку. За оние
што не знаат, понекогаш баристите во Старбакс намерно ги утнуваат имињата на
муштериите. Во Белград наместо Тони и Клаудија напишаа Антон и Олга :) Ама Тоби
е сега за сега најдалеку од моето име :) Неверојатно е колку мала ситница може
да ме развесели.
На последниот ден до нас се докираше Викинг Мира, најновиот брод на Викинг. Бев да видам кој има и кој нема на бродот :) Од Марс на рецепција таму беа Руди и Ешли. Ешли беше посебно радосна, а и јас бев радосен што ја видов. Ај-Ти екипа таму се Андрес кој недела дена претходно беше промовиран во Систем Менаџер и Адилет кого претходно го запознав на Веста. Двајца многу фини момци. Видов уште неколку луѓе од претходните бродови. И најбитно ја видов Меган. Си кажавме набрзинка што се се случи откако се разделивме на Сии. Со нејзе муабетот нема крај, ама моето време беше ограничено па се вратив назад на Сатурн. Меган ми кажа дека нејзината смена на терминалот е од три то пет часот попладне, ама немав енергија и го искористив тоа време да мојата попладневна дремка.
И за крај она од
насловот. Повторно му посакав на Давид да има убав одмор. Овој пат поминавме
цел договор заедно. Она што највеќе ме радува е тоа што тој си купи карти за
концертот на Фу Фајтерс во Лима кога ќе прават турнеја низ Јужна Америка. Сега
останува да видиме колку ќе успеам да го заменам во следните месец дена додека
сум привремен систем менаџер на бродот. Првото крстарење ќе имам асистент, Нино
од Србија, другарче на Денис. Второто крстарење ќе бидам one man show.
Мишел после продолжување од цел месец конечно замина дома. Човекот што требаше да ја замени никако да дојде, па зедоа еден дечко од бродот, Хемстон од Зимбабве, и таа му држеше обука како да ја работи нејзината работа. Хемстон го наследи прекарот брат Бактерија :) За неупатените, семејството Бактерија се формираше кога Мишел почна на шега да ја вика Енџин, сестро Бактерија а потоа и Енџин почна да ја вика Мишел сестро Бактерија. Потоа кон смејството се приклучивме Алехандро и јас.
На одмор си
замина уште еден драг колега, Серхио Ривера од Мексико, или во духот на мексиканската
традиција некој ден беше Мистер Риверс, некој ден беше Сењор Ривиера. Во
Мексико имаат навика да ги менуваат имињата на луѓето. Уште од мали нозе секој
таму е изложен на булинг така што кога ќе порасне веќе е отрпнат и зборови не
ти можат ништо.
Следнот крстарење
е од Берген до Лондон. Да видиме дали ќе успееме малку да се згрееме...







Comments
Post a Comment