Викингшки дневник бр.40 – И официјално станав менаџер
Овие две недели патувавме од Берген кон Лондон. Надвор излегов само во три порта бидејќи имаше толку многу нешта што се случуваа низ бродот. Најбитното, ова и следното крстарење ќе бидам Систем Менаџер, па да почнам со ред.
Ова крстарење за
прв пат официјално сум Систем Менаџер на брод. На Марс бев привремено и без договор. Покрај тоа што за прв пат сум менаџер, добив и асистент кој за прв пат
работи на Викинг. Нино од Суботица, другарче на Денис кој долги години работел
за компанијата што продаваше интернет на гости на разни компании (најчесто бил
на NCL). Покрај Нино, за прв пат Хотел Админ стана и Хемстон, новиот Брат
Бактерија. Беше малку хаотично ама преживеавме.
Од портови, во
Лервик на Шетландските острови излегов
само до Ко-оп супермаркетот и назад. Времето беше типично за тој остров, росеше
и беше ладно.
Во Ливерпул излегов со Нино заедно. Времето беше прекрасно, сончево и нешто над 20 степени. Направивме крукче по спортските продавници и не купивме ништо. Поминавме покрај Каверн, клубот во кој свиреле Битлс пред да станат познати и на крај седнавме на кафе во Коста. Нино се надеваше дека ќе има брз интернет, сакаше да симне некои работи, ама интернетот беше поспор од оној на брод. Кафето беше одлично како и секогаш.
И последен порт,
Лондон, поточно Гринич. Излегов дури три пати. Првиот пат за да помогнам во
сетап за приемот на новите гости. Вториот пат Зајна ми се јави велејќи дека телефоните
отишле офлајн и дека не може да ги регистрира новите гости. Додека да стигнам
до терминалот (тоа вклучува чекање на скипер брод и пешачење од докот до
туристичкиот центар) телефоните се оправија самите, најверојатно привремено
имало слаб сигнал од страна на телеком операторот.
Третиот пат
излегов чисто колку да излезам надвор. Скиперот во осум и пол ми кидна пред нос
па чекав пола саат до следниот. Отидов до МекДоналдс за пита од јаболка и видов
дека има флари со вкус на јагода па зедов и тоа. Моето прво официјално
вработување беше во МекДоналдс во центарот на Скопје (Рекорд) далечната 2002ра.
Од тогаш наваму за питата од јаболка од МекДоналдс душа давам. После МекДоналдс
се вратив назад на брод. Додека го чекав следниот скипер со мене чекаше и шоп
менаџерката Синди. Не знаев дека пред да работи во продавниците на брод била
спа менаџер за Стајнер.
Од забавни
активности, бев на вафли на мостот (за навигација), Нино беше импресиониран од
настанот. Вкусни вафли, офицерите од мостот угостија вработени од сите оддели.
Луѓе се сликаа во столчето на капетанот... Имавме и Crew Appreciation Dinner а
потоа и журка во кру бар. Со Нино служевме сладолед и десерти. Журката на
почеток беше без врска бидејќи Џитин пушташе музика во стилот на DJ Shuffle, ама
потоа дојде Густи и направи добра журка.
Ова е најкраток
дневник досега, ама едноставно немам што да пишам повеќе. Со Давид имав цел
месец примопредавање ама и покрај тоа има работи кои мораш сам да ги искусиш.
Плус Нино прв пат на Викинг. Има страшен ентузијазам во тој човек. Добра работа
е што имаше неколку ситуации во кои го пратив сам и самиот успеа да ги реши,
ама имаше многу ситуации каде што требаше да му објаснувам и покажувам. Плус
Хемстон со миљон проблеми со принтерите... Битно имам убава голема кабина само
за мене.
Следното крстарење
се враќаме назад кон Берген. Ќе бидам one man show.




Comments
Post a Comment