Викингшки дневник бр. 41 – One man show
Ова крстарење траеше две недели од Гринич до Берген и бев сам свој мајстор. Ова воедно беше последното крстарење за Хемстон, братот Бактерија, овај третиот член на семејството бактерија моментално (Алехандро има уште едно крстарење до крајот на неговиот договор).
Прв порт беше
Довер. Кога излегував од бродот пред мене имаше гости кои се влечеа со 1км на
час а не е убаво да им викнам да се тргнат. Плус бевме во големиот терминал.
Кога излегов конечно на паркинг, шатл бусот ми кидна пред нос. Како и да е, не
е далеку да се оди пешки па тргнав забрзано кон градот.
Овој пат оправив
по улицата која што оди од трговскиот центар накај остатокот од градот. Кога
веќе размислував да се враќам назад видов дека има Sports Direct и на мое
пријатно изненадување, си купив нов каиш за 10 фунти. Намалив 4 килограми во
тежина, не знам колку во половина, само знам дека веќе каишот што ми го купи
Клаудија во Белфаст веќе нема дупки. Бидејќи не сакав да го оштетувам решив да
купам друг, па ако треба да се прават дополнителни дупки, со лесно срце ќе
правам нови дупки на него.
На враќање си земав кафенце од Коста. Некаде на излез од градот го стигнав Дарко па по пат си правевме муабет за се и сешто. Тој има нов видео техничар, некое дете од Индија. На прв поглед не го бива. Дарко не е среќен, ама нема избор.
Интересното е што
неколку дена откако заминавме од Довер имаше протест, група граќани облечени
целосно во црно го имаа блокирано пристапот кон портот. Причината за протестот
неофицијално беше нелегалната миграција. Голем број чамци со илегалци преминуваат
од Франција кон Англија токму тука во Довер.
Следно
пристаниште беше Дан Лири. Во тендер бротчето со Салтанат седнавме на горниот
кат, ама дуваше ладен ветер па се симнавме доле. Еден од вработените на
бродчето не праша од каде сме, и откако му кажав дека сум од Македонија му
покажав колку е температурата кај мене дома. 35 степени, за него премногу, за
мене таман. Тој ден во Дан Лири беше околу 15.
Одејќи накај
супермаркет пред мене одеа мајка со својот мал син, и како што одеа броеја
чекори од еден до десет. Потоа мајката му кажа на синот да бројат на Ирски.
Срцето ми се наполни бидејќи се сетив на Конор кога ми кажуваше за Ирскиот
јазик.
Трето пристаниште беше Холихед. Повторно ми кидна шатл бусот пред нос бидејќи спори гости ме успоруваа. За жал тука нема опција за да одиш пешки па го чекав следниот шатл. Кога стигнав во гратчето го видов Хемстон. Направив неколку фотографии од него пред интересниот мост по што продолживме по патот со сонцето (што е реткост за Велс).
Бидејќи беше
недела скоро се беше затврорено. Поминувајќи покрај студио за тетоважи видовме
интересни кукли од приказната Алиса во земјата на чудата. Главите на белиот
зајак и мачорот ама во хорор издание. Изгледаа мошне страшно. Потоа стигавме до
еден парк каде што имаше големи камења поставени во круг и уште поголем камен
во средина. Го снимив Хемстон како седи на големиот камен и тргнавме назад.
Ливерпул, Белфаст
и Улапул ги преседов на брод па следно излегување ми беше во Скрабстер. Тоа е
мало селце покрај мало гратче кое се вика Турсо. Овој пат се договоривме со
Хемстон да излеземе заедно. Времето беше ладно, росеше, типично шкотско време.
Свртевме еден круг со Хемстон притоа правејќи неколку фотки пред една од
црквите и се вративме назад со бус. Му реков дека местово е премногу мало, нема
ништо интересно, ќе ја направам задолжителната туристичка фотографија со црква
и ќе се вратиме. Прво се изнасмеа потоа му текна дека тоа и не е лоша идеја
бидејќи црквите во европа се многу интересни на изглед. Ми кажа дека неговиот
следен договор и тој ќе направи албум на фејсбук и ќе става фотографии од
цркви.
Потоа ги
прескокнав Њухејвн, Абердин и Лервик и излегов во Берген, вториот ден. Наутро
имавме смена на гости. Имавме и голема смена на персонал. Заминаа на одмор
Хемстон, потоа шефиците од рецепција Ребека и Керол. На мое пријатно
изненадување се врати Емилија за која сите мислевме дека нема да се врати на
Викинг.
Во мојот оддел
стигна Нурило од Узбекистан, веќе неколку гостини систем менаџер во Викинг. Два
месеци е постар од мене, ама цел живот работел само во ИТ. Изменинатите две
недели го држев бродот во ОК состојба, ама имаше неколку работи кои не ми беа
јасни, или пак немав сила да сам да ги направам.
И најбитното, вечерта отидов до Кино Берген да го гледам новиот филм за Спајдермен. По којзнае колку долго време чекање и неуспешни обиди, конечно стигнав да го гледам. На мое пријатно изненадување, салата беше половина исполнета што за филм излезен пред два месеци е мошне добра посетеност. Оние што го гледале филмот знаат колку е добар. Оние што не го гледале, под итно да го изгледаат.
Хајлајт на ова
крстарење се гостинките забавувачи, Лоте и Виргинија. Лоте е од Белгија а Виргинија
е од Италија. Заедно работеле како вокални интерпретаторки на некој брод пред 3
години и потоа почнале да работат свое шоу како гостинки изнедувачи. Пееја песни
на англиски, италијански, француски и шпански.
Првото шоу им го
гледав од кабина бидејќи се пресоблеков и ме мрзеше да се облекувам пак само за
да одам до театарот. А девојките се одлични. Наредната вечер ги сретнав низ
бродот и им кажав дека се супер и дека следното шоу доаѓам да ги гледам во
театарот. На второто шоу Лоте кажа дека работела на Дизни како Бел од Убавицата
и Ѕверот. После шоуто и кажав дека не знаев дека била Пријателка на Бел (официјалната
терминологија која се користи на Дизни). Се заследивме на Инстаграм и си
посакавме да се видиме повторно на некој следен брод.






Comments
Post a Comment