Skip to main content

Posts

Featured

Викингшки дневник бр.29 – До гледање Викинг Сии

И ова е последниот дневник од Викинг Сии, четири крстарења, четириесет и некој ден поминат во работа и патување назад кон Македонија. Првиот ден од ова крстарење решив да излезам навечер низ Сан Хуан, првин до Волгрин да купам електролити и останати потребни работи и понатаму низ стариот дел од градот. Навечер гужвата низ Волгрин е многу помала. Ги видов Богдан и жена му, некои други луѓе од бродот, неколку локалци, една мала група тинејџери, очигледно туристи и толку. Од таму тргнав низ стариот дел од градот да видам каков ноќен живот имаат. Да знаев дека е толку добар ќе се вратев назад на брод, ќе се дотерав и ќе излезев пак, а не да шетам по трењерки и торба за пазарење. Кога се оди од пристаништето на почетокот има ресторани, тук-там некој бар. Во задниот дел од градот се баровите и клубовите. Полни со луѓе, локалци, туристи. Од секој бар се слуша различна музика... преовладуваше регетон, ама тоа им е локалната музика. Наредниот ден правев муабет со Ана, шоп менаџерката од Ром...

Latest Posts

Викингшки дневник бр.28 – Почнав да одам во теретана

Викингшки дневник бр. 27 – Дојде Махараџата

Викингшки дневник бр. 26 – Ги сакам источните карипски острови

Викингшки дневник бр.25 – Среќна Нова 2026та

Викингшки дневник бр.24 – Божиќ на карибите

Викингшки дневник бр.23 – Клаудија повторно дојде на Марс